Воспитување

Татко споделил прекрасна листа со задачи направена од неговите ќерки

Понекогаш го поминуваме денот смислувајќи што треба да направиме за нашите деца. Дали треба да купиме нешто, дали треба да поминуваме повеќе време вака или така, што ќе им готвиме за ручек, што би можело малку да ги расположи, па кога ќе почне училиштето, размислуваме да завршиме сѐ во еден ден за да ги поттикнеме да учат… Деновите се полни со списоци со разни задачи во нашите глави, во нашите мобилни телефони, на магнетни табли.

А списокот на нашите деца, ако размислиме малку повеќе, секако е различен од нашиот. Но, ние ретко размислуваме за тоа затоа што сме во трка со времето да ги завршиме сите ставки од нашата листа со задачи.

Еден татко на тој начин потсетил многумина на оваа друга перспектива кога објавил список со задачи што го направиле неговите ќерки, а една конкретна инструкција на списокот му создала посебен притисок.

Таткото Мет Вард објаснил на „Редит“ дека неговите ќерки го замениле вообичаениот список со задачи што му го оставила сопругата Рејчел.

-Мојата сопруга секогаш правеше добар стар список на леплива белешка или парче хартија што висеше на фрижидерот. Знаете, нормални работи како „поправи ја вратата во шупата“ или „стави нова полица во собата на девојчињата“ – рекол овој татко на две деца.

Но, еден ден, таткото го пречекал малку поинаков список.

Неговите ќерки Кејти (10) и Емили (7) направиле свој список за тато, а тој список му ги насолзил очите и го потсетил на некои важни работи во животот…

Неговите нови задачи биле:

-Биди среќен тато.

-Прави работи што ги прават татковците.

-Купи колачиња (и има мала стрелка подолу која му кажува да ги земе „без причина“).

-Биди многу, многу смешен!

-Кога мојата сопруга го правеше својот вообичаен список со задачи за мене, ќерките го видоа тоа и прашаа дали можат да ја направат својата верзија на списокот со задачи за мене – изјавил таткото Вард.

-Секогаш ми цртаат слики или ми прават картички кога ќе се вратам од работа. Најдобриот дел од денот е кога ќе се вратам дома и ќе ги прегрнам моите девојки – рекол Вард.

My daughters made me a new to do list 😁
byu/ElectroMatt333 inMadeMeSmile

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top