Реј Лиу, татко од Кина, споделил видео кое шокирало милиони луѓе низ светот. Во објава на „Тик-ток“, тој покажал како ја зема својата 13-годишна ќерка Синди во 20:30 часот, откако таа поминала 14 часа во училиште. Видеото брзо станало вирално, а многумина биле шокирани од училишната рутина што е сосема нормална за децата во Кина.
Во видеото Реј ги поздравува гледачите додека оди на училиште во темница.
-Здраво, луѓе, 20:30 е, ајде да одиме заедно да ја земеме Синди.
Тој објаснува дека девојчето заминало на училиште во 7 часот наутро, што значи дека во училишната клупа поминало околу 14 часа. Откако ја пречекува и поздравува, ја прашува дали е гладна и уморна, на што таа тивко одговорила потврдно. Кога се вратиле дома, било 21:12 часот, а Синди веднаш седнала на своето биро за да ја напише домашната задача, што ѝ одзело уште еден и пол час.
Образовен систем кој не остава простор за детство
Реј потврдил во интервју за „Дејли мејл“ дека толку тежок училиштен ден не е исклучок, туку правило.
-Секогаш е така. Поминував 14 часа на ден во училиште и во тоа време не мислев дека е проблем. Мислев дека едноставно тоа мора да биде така – рекол тој.
Тој објаснува дека причината за толку строгиот распоред е високиот притисок од приемните испити на универзитет, кои за многу родители се единствениот начин за сигурна работа и стабилен живот.
-Кинескиот образовен систем се базира на испити, теорија и постојана подготовка. Може да биде многу заморно и да ја убие секоја желба за учење. Поради количината на домашни задачи, неговата ќерка речиси никогаш не си легнува пред полноќ. Таа дури и не сфаќа дека нема време за себе – истакнал таткото.
@sparkray #education #school #homework #pickup #Cindy ♬ original sound – Spark
Нема одмор ниту во викендите
Саботите се исто така резервирани за учење. Потоа Синди посетува дополнителни часови по математика и наука, кои траат околу 2,5 часа. Во недела може да се одмори само ако успеала однапред да ги заврши сите задачи. Реј признал дека верува оти овој систем не е добар и дека не остава простор за безгрижно детство.
-Децата се под огромен притисок и тоа им штети, и физички и психички – предупредил тој.
Реј одлучил да го објави видеото затоа што сфатил дека она низ што секој ден поминува неговата ќерка е крајно неприродно.
-Има само 24 часа во денот, а таа поминува 14 од нив во училиште. Зошто сите мислат дека ова е нормално? – прашал тој.
Видеото брзо станало вирално и има повеќе од два милиони прегледи. Коментарите покажале колку биле погодени гледачите од оваа дневна рутина. „Жал ми е. Ова едноставно не е детство“ – се вели во еден од коментарите.