Честа заблуда е дека луѓето со Даунов синдром не можат да имаат деца. Жените со Даунов синдром можат да родат деца, а во исклучително ретки случаи мажите можат да станат татковци.
Џад Иса, маж со Даунов синдром од Сирија, не само што добил дете со сопругата, туку и го одгледал да биде лекар. Кога се родил синот на Џад, Садер, сите биле пресреќни, а бидејќи им било прво дете, Џад вели дека малку го разгалиле.
Садер со задоволство се сеќава дека како дете се чувствувал многу сакан и дека неговиот татко поминувал време со него играјќи различни игри.
Џад ги вложи сите свои напори за да го поттикне својот син да ги оствари своите соништа. Работел во мелница за пченица и почнал да штеди пари за да го запише синот на факултет. Тој направил сѐ што е во негова моќ за да го издржува своето семејство, а според Садер, напорната работа и посветеноста на неговиот татко да му ја даде најдобрата можна иднина го инспирирале да стане лекар.
– Мислам дека би бил многу помалку возбуден за животот и многу помалку страстен во она што го работам доколку го немав мојот посебен татко – напиша тој покрај фотографијата со својот татко.
Садер е стоматолог, што е една од најдобрите и најплатените професии во Сирија, а на среќата на Џад ѝ нема крај.
Додека неговиот син сè уште студирал, Џад гордо им кажувал на луѓето: – Мојот син е доктор.
Зборувајќи за неговите мајка и татко, Садер рече дека и покрај тоа што се заедно со децении, љубовта меѓу нив е како да се венчале вчера. Совршено се разбираат. Сакаат да одат заедно на прошетки, а понекогаш само седат и разговараат со часови.