Партнерите што ги придружуваат родилките и ги држат за раце, во тие моменти, се поважни отколку што мислат. Да имате некој до вас додека чувствувате голема болка и можноста да споделите страв и возбуда со него е бесценето чувство за повеќето жени. Сепак, понекогаш на татковците им треба помош, а една таква ситуација најдобро ја илустрирала корисничката на „Тик-ток“, Пејтон Стјуарт, кога споделила видео од нејзиното породување. Имено, нејзиниот партнер се онесвестил додека таа се пораѓала.
Видеото од 34 секунди започнува со тоа што момчето на Пејтон се наведнува преку работ од нејзиниот кревет и зема длабок здив. Со раката поминува низ косата и речиси може да се слушне неговиот внатрешен монолог со кој се осмелува да ја задржи присебноста. Додека се наведнува за добро да го погледне своето новороденче, очите на лекарите и медицинските сестри покажуваат неверување. Една од медицинските сестри се обидува да му помогне, а тој полека се врти, барајќи стол. По неколку секунди тој колабирал, но успеале да го фатат и да го задржат да не падне, ставајќи го на стол.
Пејтон напишала: „И тогаш мојот дечко се онесвести откако се породив“, а видеото собрало повеќе од 8,5 милиони прегледи за само еден ден.
Корисниците се смеат на видеото
„Мајката целото внимание го фокусирала на бебето. Тој ден, таткото дознал дека е на второ место“, коментирало едно лице.
„Мојот сопруг падна на подот додека се пораѓав“, се сеќава една мајка. „Мојот буквално удри во подот и никој не се мрдна“, додала друга.