Овој креативен татко стана популарен токму поради играчките што ги направил сам. Неговите игри со џамлии воодушевија многумина.

Тој дури и успеал да создаде игра со лавиринт.

– Правам играчки за децата помалку да ги користат телефоните и за да им овозможам посебно детство. Уживам да создавам работи уште од мал, и не само играчки – вели тој.

Играчките се направени од евтини материјали, како што се картони и дрвени стапчиња. За да заврши една играчка, потребни му се приближно 15 дена.

Од играчките што тој ги дизајнирал оваа е најпопуларна онлајн.

– Во играта има различни точки за старт на самиот врв, а џамлиите паѓаат оттаму. Бидејќи нема поставени патеки, тие случајно паѓаат. Децата мора да го користат воланот за да ги фатат џамлиите – објаснува тој.

Во изминатава година тој купил многу малку играчки за својата ќерка. Со помош на неговите играчки се подобрила концентрацијата на неговата ќерка, а и таа почнала да му дава идеи за играчки.

– Откако завршив со овие играчки, таа почна да ми дава идеи кога виде шишиња, капачиња од шишиња и картони – вели тој.

Таткото почнал бизнис со играчки и сега продава „направи сам“ пакети онлајн. Тој се надева дека неговата креативност ќе им го разубави детството на многу деца.

– Мојата цел е да го претворам ова во кариера, да го подобрам. Родителите, оние што сакаат „направи сам“ или оние што немаат време да бидат со нивните деца, може да имаат влијание од играчките на некој начин, за да поминат повеќе време со своите деца, не само кога ги прават или кога играат со играчите, туку и во секојдневниот живот – завршува таткото.

Извор



912

X