Една од најголемите одлуки на родителите кога очекуваат дете е изборот на име. Вообичаено е родителите да изберат име што им значи многу, без разлика дали на своето дете му даваат име на сакана личност во животот или име со подлабоко значење.

Некои родители одлучуваат да изберат понеобични имиња. Но, до која граница може да се оди? Ова прашање го поставила една жена, откако дознала какво име сакал да ѝ даде на својата ќерка сопругот на нејзината сестра.

Загрижената сестра споделила дека нејзината сестра со сопругот чекаат ќерка за четири недели и дека повеќе ја загрижува можноста парот на своето бебе да му даде многу необично име. Корисничка објаснила на „Редит“ дека нејзиниот зет инсистира да ја именува својата ќерка по лекот за АДХД за кој тој тврди дека му го спасил животот.

-„Виванс“. Тој сака да ја нарече „Виванс“ – напишала таа.

„Виванс“ е името на брендот за лекот „лисдексамфетамин“, стимуланс кој се користи за лекување на нарушување на хиперактивност со дефицит на внимание (АДХД) кај возрасни и деца. Корисничката на „Редит“ дополнително објаснила дека нејзината сестра се обидела да го одврати нејзиниот сопруг од идејата со тоа што му предложила да бараат друго име, па дури и се здружила со неговата мајка за да го убеди да се откаже од името, тврдејќи дека тоа можеби е „несоодветно“.

Brother-in-law is insisting on naming my soon to be niece after his ADHD medication
byu/Cuck-Liger innamenerds

Луѓето брзо коментирале, а повеќето се согласуваат со корисничката на „Редит“ дека името не е соодветно за дете.

-Можеш ли искрено да му кажеш: „Ќерка ти ќе биде малтретирана. Дали ова е наследството што сакаш да го има поради твојата дијагноза – стои во еден од коментарите.

Извор



912

X