Дизајнерот Стивен Кровли одлучил да ги искористи своите фотошоп-вештини за да се пошегува со своето семејство и роднините.
Тој ја фотошопирал својата 18-месечна ќерка Хана во ситуации што секому би му предизвикале инфаркт: возење автомобил, држење кујнски нож, качување по скала и слично.
Фотографиите станаа вирални откако Стивен ги сподели на социјалната мрежа „Редит“.
Стивен сакал да ја искористи неговата вирална шанса за да ја подигне свеста за ретко имунолошко нарушување наречено HLH од кое боледувала неговата ќерка. Од 4 до 10 месеци, Хана поголемиот дел од времето го поминала во болница примајќи терапија додека не се нашол донор за трансплантација на коскена срж.
Стивен ја искористи популарноста на неговиот пост за да ги охрабри луѓето да станат донори на коскена срж преку националната програма за донирање коскена срж.
912