Воспитување

Татко покажал каде спијат неговите деца по смртта на мајка им

Брендон Јанус останал вдовец по 10 години брак. Неговата сопруга Рејчел Мари Јанус починала од последици од рак и зад себе оставила три деца кои сега ги воспитува Брендон.

Една од неговите објави во која покажал како спијат неговите деца станала вирална.

„Живееме во куќа со четири спални. А ова сме ние. Секоја вечер и секое утро. Ова сме ние. Некогаш се борев против тоа. Им велев дека ова не е здраво. Дека нивните кревети се поудобни од мојот под и подобро ќе се одморат во нив. Никогаш не функционираше. Без разлика што зборував“, напишал тој покрај фотографијата на која се гледаат трите деца како спијат на подот до неговиот брачен кревет.

„Претходно секоја вечер ја поминував на подот, покрај болничкиот кревет на Рејчел. Луѓето ми велеа да си одам дома. Да се ​​одморам. Да си дадам шанса. Тоа никогаш не успеа – без разлика што ми зборуваа“, продолжил тој.

Му требале две години, а сега разбира зошто неговите деца претпочитаат да ги менуваат удобните кревети за подот во неговата спална соба.

„Никој не можеше да ме убеди да ја напуштам Рејчел. Што и да кажеше некој, јас знаев дека треба да бидам покрај неа. Немаше место каде што се чувствував побезбедно отколку на подот, веднаш до неа“, додал тој.

Затоа денес веќе не се жали од своите деца.

„Поминаа две години откако ја загубија својата мајка. Стана прилично јасно дека тоа е местото каде што ќе бидат, до мене. И дека ниту едно место не им обезбедува сигурност како што е подот веднаш до мене“, заклучил Брендон.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top