Благодарение на интернетот научивме многу корисни трикови и совети – животни начини за справување со сè и сешто. На социјалната мрежа „Редит“ се објавени низа корисни информации откако корисник прашал кој е најефективниот психолошки трик што некогаш го користеле.
Имало повеќе од 16 илјади одговори на објавата, па дел од нив споделувале начини како да се избегне драматична ситуација на работното место, додека други давале совети како да го натерате партнерот да ви каже што навистина сака за вечера. Но, еден корисник споделил родителска техника која ја научил, а многумина сметаат дека е генијална.
Родителот, кој објавил информација под имато „AD_Meridian“, рекол дека пронашол начин да го натера своето 4-годишно дете да престане постојано да прашува „зошто?“
Напишал: „Мојот најмлад син (4) влезе во фазата – зошто – од неодамна. Прочитав текст во кој пишуваше дека најдобар начин за да престане е да го прашаш – Не сум сигурен, што мислиш ти? Одлично е. Одговара на сопственото прашање, па вие му велите: – Тоа звучи добро – па потоа продолжувате понатаму. Одлично“.

Некој одговорил: „Мојата пријателка на седмото прашање од детето му одговори со – Зошто да не? – со навистина среќен глас. Нејзиниот син се вџашил и престанал да прашува“.
Друг корисник пак, објавил: „Почнав да барам од моето 4-годишно дете да го поставува целото прашање, па сега кога ќе праша – зошто небото е сино? – наместо само – зошто? – тоа го тера да паузира и да размислува, да се вклучи во разговорот повеќе и да излезе од тој круг на зошто, зошто, зошто…“
Трет додал: „Да, навистина функционира. Мојата ќерка исто така е во таа фаза, ме полудува. По низа прашања пред некој ден, таа всушност рече: – Тато, зошто продолжувам да те прашувам ЗОШТО? Јас само зјапав во неа и се обидував да не почнам да плачам“.
Автор: Кортни Почин