Воспитување

Татко одбива да спие во ист кревет со сопругата, новороденчето и тригодишната ќерка

Фрустриран татко открива дека неговата сопруга го обвинила дека не се грижи доволно за своето семејство бидејќи избрал да спие на каучот. Зборувајќи на социјалната платформа „Редит“, таткото открил дека неговата сопруга инсистира на тоа нивната тримесечна и нивната тригодишна ќерка од претходната врска да спијат во креветот заедно со нив. Барајќи совет за ситуацијата, новиот татко рекол дека речиси е невозможно да поспие барем малку во големиот кревет со целото семејство кога му е потребен одмор за следниот ден на работа.

„Мојата сопруга е невработена мајка“, објаснил тој. „Има тригодишна ќерка од претходната врска, па сега живееме заедно и спиевме заедно со неа. Тоа беше во ред на почетокот и се навикнав, иако таа има свој кревет, но одбива да спие во својата соба навечер. Имам навистина тешка физичка работа која бара и ментална сила, смени од 12 часа, работам од рано наутро, 5 дена во неделата. Кога доаѓам дома, готвам за нашето семејство (нејзиното готвење е ужасно, ќе изгори и вода), поминувам неколку часа со нив, а потоа расчистувам низ домот пред да одам на спиење“, истакнал таткото.

Одбивање да се промени заедничкото спиење


Таткото открил дека проблемот започнал кога сопругата инсистирала и новото бебе да спие со нив. „Одлучивме да купиме креветче кое се движи, но таа одбива да го користи. Исто така, одбива да престане да спие со тригодишната ќерка. Дури купив и малечок кревет кој го ставив во собата за да ја мотивирам да спие во него, но немав среќа. Значи, во брачниот кревет спиеме 4 лица. Сопругата не може да спие без вклучен телевизор бидејќи има кошмари, тригодишното дете спие немирно и често завршува на крајот од креветот. Па за мене има простор на работ од креветот, ме ослепува светлината од телевизорот или морам да ставам тампони во ушите, а ништо од тоа не е добра опција“.

Тој продолжува да раскажува дека почнал да спие на каучот за да може да се одмори, но секогаш станува кога слуша дека бебето плаче. Сепак, неговата сопруга смета дека тој треба да остане во креветот.

Заедничкото спиење е опасно

Многу корисници на „Редит“ не се импресионирани од однесувањето на сопругата и се на страната на таткото. „Децата и грижата за нив е важна, но исто и вие и вашиот однос, а таа дозволува и го зајакнува вашето страдање за да го истера сопственото. Таа е безобразна“, напишал еден корисник.

„Се согласувам“, напишал друг. „Нема добар начин на кој може да спијат заедно двајца возрасни, мало дете и бебе во еден кревет. Некој или ќе заврши на подот или ќе биде згмечен. Не гледам опција за бракот ако нема компромис. Тригодишното дете треба да си спие во својот кревет, во своја соба, а бебето во свое креветче. Никогаш не сме дозволувале децата да спијат со нас. Разбирам дека кога малку ќе пораснат, може да имаат кошмари и тогаш е во ред, но секоја вечер – не. Треба да спијат во своите кревети“.

Други пак, изразиле загриженост за безбедноста на бебето. „Нема начин безбедно да спиете заедно со бебе и малечко дете. Би било многу лесно детето да го повреди или да го згмечи бебето додека спие“.

„Не е безбедно во секоја смисла. На крајот на краиштата, мајката има проблеми со спиењето и ѝ е потребен телевизорот, но децата и бебињата заслужуваат добра средина за спиење, а ТВ во текот на ноќта не е добра опција“, рекол друг корисник.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top