Она што започнало како поврзаност татко-ќерка, сега е веќе вирално видео на „Тик-ток“ со милиони прегледи. Дерил Посетелник од САД истакнал дека никогаш не ги посетувал социјалните медиуми, но по многу барања да направи „Тик-ток“ видео со својата ќерка, одлучил да се обиде.
Watch on TikTok
„Мојата ќерка Линдзи рече дека треба да направиме заедничко кулинарско шоу и јас ѝ реков: – Не, не, не сум дел од ниту еден социјален медиум, а потоа ми рече: – Па, мислам дека тоа може да биде нешто што јас и ти ќе го правиме заедно – и потоа само реков ОК“, изјавил тој.
Watch on TikTok
Првото видео добило само 9 прегледи, и тоа повеќето од другарите на ќерка му. Но, потоа работите се промениле. „Вториот рецепт беше чили, и поради многу мои грешки, бидејќи јас само се забавував, заврши со блиску 5 милиони прегледи и така сè започна“.
Оттогаш Посетелник создал неколку кулинарски видеа на „Тик-ток“, а приготвува различни рецепти – од прокељ до ребра. На крајот од секое видео, тој завршува со вкусување на храната и вели: „Дали се шегувате со мене?“ – нешто што е препознатливо за неговите видеа.