Игротека

Татко на дете со аутизам: „Еве како можете да ни ги олесните празниците“

Празниците, со силни светла, гласни звуци и нарушена рутина, можат да бидат исклучително тешки за децата со аутизам. Таткото Дејвид Кои објаснува како околината може да помогне.

Неговите главни совети се:

Проверувајте однапред – Разговарајте со родителите за можни „причинители“ и начини на поддршка бидејќи секое дете од аутистичниот спектар е различно.

Планирајте простор за смирување – обезбедете тивко и темно место каде што детето може да се повлече при сензорно преоптоварување.

Бидете флексибилни со екраните – таблет или телефон со познати содржини може да му помогне на детето да се смири.

Приспособете се се околу храната – мекои деца јадат само „безбедна“ храна; тоа не е непристојност, туку потреба.

Покажете љубезност и разбирање – наместо осуда, истакнете дека различноста е прифатлива.

Како што порачува Кои, поддршката не мора да биде совршена, туку доволно е да покажете дека се трудите и се обидувате да разберете.

Извор

Поврзани написи

To top