Игротека

Татко му сервира оброци на својот син како да е во ресторан со пет ѕвезди

Рестораните низ светот можеби се затворени, но едно малечко дете добива услуга од пет ѕвезди во својот стол за јадење. Една од предностите да имаш сомелиер за татко.

Џона е среќно дете кое живее во Калифорнија, а Џејсон Бут му е татко. Тој неодамна објави видеоклипови на „Инстаграм“ на кои се гледа дека носи сако и вратоврска и го послужува Џона со комплетен оброк, извонредно сервиран како што би се очекувало од келнер во елитен ресторан. Во заднина се слушаат звуци на пијано, а Џона постојано добива ексклузивни јадења инспирирани од светската кујна, но во мали количини соодветни за дете.

 

Едно од јадењата се ќофтиња од спанаќ, а на ручеците се приклучува и нивното семејно куче, кое исто така добива храна. Иако ниту Џона ниту кучето не се импресионирани од импресивните оброци, сепак, вкусот на храната изгледа дека ги исполнува нивните стандарди.

 

 

Автор: Камерон Ле Бланк

Извор: Fatherly.com

Поврзани написи

To top