Воспитување

Татко ја откажал роденденската забава на ќерка си поради лошо однесување

Еден татко предизвикал жестока дебата на платформата „Редит“ откако открил дека ја откажал забавата на својата ќерка за нејзиниот 16. роденден поради нејзиното лошо однесување. Како што објаснил, откако неколку пати неуспешно ја предупредил за нејзиното однесување кое не го одобрувал, решил да ја откаже прославата, која веќе била планирана.

„Таа праша дали може да го слави својот 16. роденден дома, а јас ѝ реков дека немам проблем со тоа, сè додека не се најде во неволја на училиште и го положи тестот по математика. Меѓутоа, неколку дена подоцна ми се јавија од училиште дека украла шише полно со алкохол и дека една нејзина пријателка била испратена кај медицинската сестра. Кога стигнавме дома, ѝ ја одзедов целата електроника, а може да го користи мобилниот телефон само за итни случаи. Ѝ кажав и дека роденденската забава е откажана – изјавил таткото, кој решил да остане анонимен.

„Таа многу се вознемири и почна да вреска и ми рече дека сум најлошиот татко на светот. Се упати кон нејзината соба и силно ја тресна вратата“, додал таткото. Откако ја споделил својата приказна на интернет, наишол на многу коментари.

Иако некои заклучиле дека тој не требало да ја откаже прославата, повеќето се согласиле со неговата одлука. Имено, таткото го преплавиле коментари на други родители кои му рекле дека има право да ја дисциплинира ќерка си и дека постапил правилно.

„Вие сте родител и мислам дека сте прилично добар во тоа. Не згрешивте што ја откажавте роденденската забава, вашата ќерка има среќа што не ја избркале од училиште“, е само еден од коментарите.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top