Мажите често чекаат да им кажат што да прават, тоа веројатно сите го знаат. И тогаш тие го користат тоа во своја полза. Меѓутоа, понекогаш навистина претеруваат со ваквото однесување.
Сигурни сме дека секоја жена ќе доживее мал нервен слом при самото споменување на реченицата: – Ама ти не ми рече да го направам тоа, бидејќи тоа е нешто што навистина може да ја исфрли од колосек.
Не ги изми садовите? Не си му кажала. Не ја стави храната во фрижидер? Не си му кажала. Не јаде? Не си му кажала.
Ова е еден универзален изговор што мажите често го користат за да избегнат да помагаат во домот, со децата, домаќинството и други работи. Чест на исклучоците, се разбира! Но, вакви работи често се случуваат.
Дастин Андерсон, кој е татко и комичар, на „Тик-ток“ побара совет за тоа што да прави кога неговата партнерка им вика на децата.
- Брзо прашање за сопругите и мајките: Кога им викате на децата, што сакате да правиме? – прашува тој.
- Никогаш не знам дали треба да стојам како поддршка, велејќи: „Да, така е!“ – но, според изразот на неговото лице, веројатно мисли дека тоа не е вистинскиот одговор на неговото прашање.
- Дали да стојам мирно надевајќи се дека топовите нема да се насочат кон мене во еден момент? Понекогаш се прашувам дали да интервенирам овде, да спасам живот. Што треба да направам?
По самото објавување на видеото, мајките од целиот свет ги споделија своите совети, алудирајќи на тоа што партнерите треба да направат во таков момент.
– Сакаме да ја средите ситуацијата пред да почнеме да викаме.
– Помогни ѝ да ги одгледа децата за да не мора да биде единствена што го прави тоа.
– Веројатно не им викаме само на децата, туку и на татковците.
– Брзо почни да чистиш.
– Едноставната реченица: „Слушај што ти вели мајка ти“.
Поддржи ја. Обрни внимание на тоа поради кое вика и следниот пат интервенирај пред таа да мора да вика – се само дел од коментарите.
@therealdustinanderson Husbands everywhere need to know #marriage #parenting ♬ original sound – Dustin Anderson
912