Децата сѐ подолго живеат со своите родители и иако многумина сметаат дека треба да се осамостојат, овој татко сето тоа го гледа сосема поинаку.
Сите знаеме дека би било идеално децата што побрзо да се осамостојат и да си го најдат својот пат во животот. Знаеме дека дел од таа независност треба да биде и сопствен простор за живеење. Знаеме дека децата не треба доживотно да живеат со своите родители и дека понекогаш едноставно е потребно за сечие добро да го напуштaт родителското гнездо. Но, знаеме и дека работите не се толку едноставни.
Во денешно време не е баш лесно да имаш сопствен стан, а камоли куќа. Многу работи се сменија од времето кога денешните родители се осамостојуваа и го напуштија родителското гнездо. Често се лутиме и зборуваме лошо за децата кои одамна ја поминале возраста кога треба да живеат самостојно, а сѐ уште живеат под покривот на родителите. И во многу случаи тоа е всушност многу неправедно.
Можеби не секогаш децата се согласуваат со родителите, можеби очекуваат премногу едни од други, но понекогаш немаат избор. И токму затоа еден татко на „Тик-ток“ објави видео во кое на своите синови, кои сѐ уште се мали, им вели дека вратата од нивниот дом секогаш ќе биде отворена за нив.
Бен, чиј тик-ток профил се вика „Фемили фјучр фрст“, споделува видео во кое го објави своето цврсто верување дека неговите синови можат да се вратат дома во секое време, без оглед на сѐ.
– Ова ќе им го кажеме јас и мојата сопруга на нашите три сина кога ќе пораснат: „Ако некогаш се чувствувате осамени, дојдете си дома. Ако врската не ви успее, дојдете си дома. Ако имате проблеми со менталното здравје, дојдете си дома. Ако некогаш тргне наопаку, дојдете си дома“.
Потоа таткото нагласува дека не е важно кога, каде, како и зошто: тој ќе им даде засолниште и љубов.
– Она што е најважно е дека без оглед каде сте, без оглед колку години имате или каков е нашиот однос, вашиот дом е секогаш наш дом – заклучува тој.
@family_future_first COME HOME! A parent’s job is to be the saftey net for their children. We shouldnt push our kids out of the nest and expect them to fly in such a difficult world. We all want to raise resilient kids but they need to know we are still there for them. If they need it, tell them to COME HOME!! 🏡 For additional strategies on help, follow @familyfuturefirst #ghostcommerce #digitalmarketingforbeginners #worklifebalance #sidehustlesecrets #extraincomefromhome #worklifebalance #entrepeneur #entrepeneurship ♬ Hell N Back (feat. Summer Walker) – Bakar
912