Игротека

Видео: Ја снимил фризурата што ѝ ја направил на ќерка си – погледнете ја нејзината реакција

Ана Ричи Фак отишла на пат оставајќи ги децата со сопругот. Надевајќи се дека ќе ѝ испрати вест оти сè е во ред додека ја нема, нејзиниот сопруг Зак ѝ испратил видео во кое ја снима и покажува фризурата што ѝ ја направил на својата ќерка пред таа да оди во градинка.

Иако сè започнало добро и девојчето имало насмевка на лицето, кога всушност видело што ѝ направил нејзиниот татко, не била воодушевена. Насмевката исчезнала од лицето и само молчела, не знаејќи што да му каже на својот многу среќен и горд татко.

Сепак, за да не го вознемири, кога ја замолил да се насмевне, таа се насмевнала, но не му одговорила кога ја прашал дали ѝ се допаѓа фризурата. Погледнете го слаткото видео подолу.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top