Сите родители добро знаат дека децата понекогаш навистина имаат неверојатни прашања, а мајките и татковците се тие што најчесто треба да одговорат на нив. Овој татко се нашол токму во таква ситуација кога неговата петгодишна ќерка прашала зошто нема гради.
Иако видно изненаден од прашањето, таткото некако успеал да се снајде и благодарение на неговиот урнебесен одговор, станал вистински вирален хит.
„Па, зошто немаш гради… Едноставно уште ги нема, не си доволно голема, но ќе дојдат еден ден. Не грижи се“, ѝ рекол тој, а неговото видео има собрано неверојатни 19,6 милиони прегледи за само кратко време.