Многумина од нас пораснаа со дизни-приказните и тие се нераскинлив дел од нашето детство. Сепак, некои луѓе веруваат дека овие приказни имаат негативно влијание врз младите жени бидејќи содржат родови стереотипи.
Еден татко стана вирален на „Тик-ток“ со неговиот обид за ажурирање и модернизирање на книгите на Дизни на неговите ќерки за подобро да го одразуваат времето во кое живееме и за да го подобри животот на неговите две девојчиња.

@dcaspers одлучил да го сними целиот процес за тоа како ги менува родовите стереотипи во дизни-книгите. Тој ги менува класичните бајки како „Малата сирена“, „Пепелашка“, „Златокоса“ и други, давајќи им пресврти што никој не може да ги очекува.

Но, неговата постапка го подели интернетот и предизвика жестока дискусија. Додека некои го фалат таткото што ги преработува родовите стереотипи во нешто порамноправно и пореално, други мислат дека го прави цензурирањето на класиците за да изгледа прогресивно. Што мислите вие?