Игротека

Татко ги оставил децата да летаат во економска класа, а тој и мајката летале во прва класа

Летањето со авион не е нешто што секој може да си го дозволи, а камоли да лета во прва класа. Малку подобар оброк, пијалак, пошироко и поудобно седиште… Сето тоа се придобивки кои многу значат, додека на децата не им се толку битни. Затоа, плаќањето авионска карта во прва класа за децата би било губење пари, нели?

Токму ова го мислел Самјуел Лидс, татко на две деца, па им купил авионска карта во економска класа за нивното заедничко патување, а за себе и за својата сопруга купил авионски карти во прва класа. Кога го објавил ова на својот профил на „Тик-ток“, сите ја сфатиле и прифатиле оваа поделба.

Но, за да не ги налути своите следбеници, на снимката објавена на „Тик-ток“, на која се поздравува со децата и оди кај сопругата, тој пишува: „Не грижете се, децата беа со дадилката“, а веднаш подолу: „Не разгалувајте ги вашите деца“.

Следбениците беа поделени. Додека едни веруваат дека тие пари тешко ги заработил, а не неговите деца, други сметаат дека не е во ред што тој тоа време не го поминал со своите деца.

– Знам дека тоа може да биде лекција, но нема шанси да бидам одделен од моите деца – пишува еден следбеник.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top