Подготовките за породувањето може да ги направите на различни начини, а најдобро е онака како што вам ви одговара. Ако сакате да танцувате, имате среќа, бидејќи тоа може да спаѓа во начините за подготовка за породувањето. Совети во таа насока даваат дулите од Хрватското здружение на дули.
Танцувањето може да ви помогне да се поврзете со себе додека не сте бремени, а за време на бременоста ќе ги истегнете колковите и ќе го ослободите стресот преку движењата, а потоа кога ќе дојде денот на породувањето, вашето тело би можело самото да танцува со контракциите што ги добива. Тоа е она што ние го сакаме најмногу, а ако трудницата не може самата, тука сме ние да помогнеме малку.
Не е важно кој танц. Можеби би можеле да се обидете да ја слушате музиката на која се танцува и да избере според тоа.
Почнав да танцувам салса во моите дваесетти години. Отсекогаш сум сакала да танцувам и најдобрите начини за ослободување од стресот ми биле преку танцување, но дури кога ритмите на латино-музиката влегоа во моите колкови и карлица и кога можев да се опуштам по месеци и месеци реализирани часови танцување, сфатив колку женска енергија имам во себе – и дека енергијата на карлицата ми беше блокирана. Танцувањето го промени тоа. Танцував салса дури и кога бев бремена. Момчето во мојот стомак не се жалеше, а кога почна породувањето во болница, воопшто не ми пречеше болничката атмосфера. Застанав до креветот, а моите колкови почнаа сами да се движат.
Тоа е одлично бидејќи на тој начин можеме да го олесниме породувањето, но и да му помогнеме на бебето подобро да се намести. Со танцување, исто така, можете дополнително да се поврзете како партнери, доколку вашиот партнер одлучи да ви се придружи. Не е чудно што многумина станале љубовни партнери по партнерство во танц. Потребно е приспособување еден кон друг, треба да го почувствувате телото на партнерот, да научите да ги следите невербалните знаци на партнерот, сè што би можело да ви помогне да дејствувате како тим во удобноста на вашиот дом, или во болница за време на породувањето, но и кога има други членови на семејството со вас по породувањето.

Онаму каде што танцувањето може да се спореди со породувањето – е атмосферата во која се танцува. Кога сите светла се вклучени на часот по танц, потешко е да се опуштите, посвесни сте за луѓето околу вас. На подиумот за танцување, пак, светлината е придушена, се спојувате со подиумот, вашиот партнер, музиката и можете да дозволите да уживате во движењата на вашето тело. Така е и за време на породувањето. Ако малку ја „затемните“ атмосферата, пуштите музика која ве опушта, телото и умот ќе бидат поспремни да се предадат на брановите на контркациите. И кога ќе се роди бебето (и вие ќе си дојдете на себе), го ставате бебето во носилката, пуштате музика и уживате заедно…
Автор: Маја Мартинец Чунчиќ/Хрватско здружение на дули