Постојат многу начини да бидете родител, а многу родители ги воспитуваат своите деца да станат личноста со која се надеваат дека ќе се гордеат. Меѓутоа, она што многу родители мора да го сфатат е дека секое дете е различно, а методите на еден родител можеби нема да функционираат за друг родител. Луѓето може да ја наречат мајката „хеликоптер родител“ кога таа едноставно е само загрижена за своето дете. Или го нарекуваат таткото неодговорен кога сака неговото дете да стане независно.
Но, тоа е убавината на родителството, нели? Го запознавате вашето дете, сфаќате што функционира, а што не, а понекогаш учите и од други родители. И ништо не е подобро од родителската гордост кога детето прави нешто исклучително.
Како да воспитуваме генијални деца? Па, родителите со тоа треба да почнат рано.
Кети Хирш-Пасек, професорка на Универзитетот „Темпл“, и нејзината колешка Роберта Голинков од Универзитетот во Делавер ја напишале „Да се стане генијален: што ни кажува науката за одгледување успешни деца“ – книга за родители создадена да им помогне на родителите да ги негуваат вештините за учење на своето дете, користејќи ја науката за учење и развој. Во интервју Хирш-Пасек рекла дека начинот на кој родителите ги воспитуваат децата денес ќе биде релевантен за дваесет години.
„Ако не го сфатите ова правилно, ќе имате животна средина во која не може да се живее. Тоа е кризата што ја гледам“, изјавила таа. Решението, според двете авторки, лежи во 6 клучни точки на кои родителите треба да работат со своите деца:
Соработка
„Соработката е сè, од разбирање со другите до контролирање на вашите импулси за да можете да се согласувате и да не исфрлите некој друг од лулашката“, вели Хирш-Пасек. Ова значи градење разновидна и мултикултурна заедница, а со тоа треба да се започне дома за да се одрази врз нивниот став надвор.
Комуникација
Говорењето, пишувањето, читањето и слушањето се сите форми на комуникација што децата треба да ги научат.
Содржина
„Содржината е изградена на комуникацијата“, вели Хирш-Пасек. За да можат да соработуваат и да комуницираат, децата треба да ги научат основните јазични вештини, како и да читаат.
Критичко размислување
Ова се базира на содржината и бара од родителите не само да им даваат информации на децата, туку да им дозволат самите да размислуваат за тие информации. „Ако сакате да имате дете кое се занимава со критичко размислување, нема да го прекинете кога ќе постави прашање“, вели Хирш-Пасек. „Ќе ги поттикнете децата да прашуваат повеќе и да сакаат да разберат како мислат другите луѓе“.

Креативни иновации
Ова бара да знаете нешто за да направите нешто сосема ново. „Не можете да бидете само мајмун кој фрла боја на платно“, вели таа. На пример, кога правите музика, не е доволно да знаете да пеете или да научите неколку ноти. Учите како да свирите инструмент, па треба да се учат и различни музички стилови и како да се состави текст. Колку повеќе учите, толку поубава ќе биде музиката што ја создавате“.
Самодоверба
Потребна ви е самодоверба за да преземете ризици и да успеете, а тоа можете да му го пренесете на вашето дете преку охрабрување и дозволувајќи му да ризикува на млада возраст. Сето ова му овозможува на родителот не само да го научи своето дете туку и да биде присутен во моментот со него. „Не дека сме Лудити (Лудитите биле тајна организација заснована на заклетва на англиски текстилни работници во 19 век, радикална фракција која ја уништувала текстилната машинерија), туку зборуваме за тоа како трошка социјална интеракција помеѓу детето и родителот навистина помага да се постави основа за развој на овие вештини“, заклучува Хирш-Пасек.
Автор: Кејтлин Пена