Еден лекар мисли дека ја знае тајната за смирување бебе што плаче. Техниката се вика „држењето“, а потекнува од д-р Роберт Хамилтон, педијатар со 30-годишно искуство и татко на шест деца од Санта Моника, Калифорнија. Тој вели дека методот многу помага во смирувањето на децата.

Се чини дека многу родители имаат успех со овој метод бидејќи видеото на д-р Хамилтон, на кое го демонстрира методот, е прегледано речиси 6,5 милиони пати.

На видеото докторот успева да смири бебе кое штотуку примило вакцина. Пред докторот да го примени методот, бебето Ештон плаче неутешно. Но, откако д-р Хамилтон го применува методот, бебето веднаш престанува да плаче.

– Сè што правите е многу нежно, не треба да правите отсечни движења, никогаш – советува лекарот.

Која рака е поставена на градите на бебето прва е многу важно; прво е десната рака, по што следува левата, која „ветува“ магични резултати. И аголот на поставеноста на бебето е клучен. На 45 степени, главата и вратот имаат соодветна поддршка и родителот има контрола над малото тело на бебето.

Ова се четирите чекори за повторување на методот на д-р Хамилтон:

– Свиткајте ги рацете на бебето преку градите;
– Нежно обезбедете ги;
– Фатете го делот кај пелената;
– Поставете го на агол од 45 степени.

Би било добро техниката да функционираше на деца со тантруми…



912

X