„Азбуката на Биби“ е првата видеосодржина од „Светот на Биби“ со која децата се запознаа пред точно две години, на јутјуб-каналот на Биби. Со повеќе од 2,5 милиона прегледи, „Азбуката на Биби“ им е омилена на децата

Започнавме срамежливо, но сигурни дека сме на вистинскиот пат – создавајќи го ликот на малото палаво девојче со црна коса, сини очи, секогаш подготвено за авантури и за учење. На почетокот таа беше само лик кој ја красеше страницата за добри родители Деца.мк, но набрзо посакавме да биде повеќе од тоа. Посакавме Биби да им стане најдобра другарка на децата! И по точно две години среќни сме што успеавме во тоа.
Токму на денешен ден, пред точно две години, Биби почна да ги освојува јутјуб-просторот и детските срца. Започнавме со учење на буквите и „Азбуката на Биби“, што до денес е најпопуларното видео со повеќе од 2,5 милиона прегледи.

„Азбуката на Биби“ е првата видеосодржина од „Светот на Биби“ со која децата се запознаа пред точно две години, на јутјуб-каналот на Биби. Со повеќе од 2,5 милиона прегледи, „Азбуката на Биби“ им е омилена на децата.

Започнавме срамежливо, но сигурни дека сме на вистинскиот пат – создавајќи го ликот на малото палаво девојче со црна коса, сини очи, секогаш подготвено за авантури и за учење. На почетокот таа беше само лик кој ја красеше страницата за добри родители Деца.мк, но набрзо посакавме да биде повеќе од тоа. Посакавме Биби да им стане најдобра другарка на децата! И по точно две години среќни сме што успеавме во тоа.
Токму на денешен ден, пред точно две години, Биби почна да ги освојува јутјуб-просторот и детските срца. Започнавме со учење на буквите и „Азбуката на Биби“, што до денес е најпопуларното видео со повеќе од 2,5 милиона прегледи.

Нема поголема радост за нас кога знаеме дека многу дечиња ги научиле буквите токму со оваа содржина, од која понатаму произлегоа и печатени изданија. Почнавме со мал тим, но за две години стигнавме до 60-мина креативци кои учествуваат во создавањето на богатиот свет на Биби.

Во две години од „Светот на Биби“ создадовме продукција од 400 минути оригинална анимирана содржина на македонски јазик, која доживеа 21 милион прегледи на јутјуб-каналот на Биби. Сказните од „Светот на Биби“ се достапни и преку националниот сервис МТВ, MaxTv и А1 Тв.


Освен анимациите, нешто на што сме особено горди е новиот образовен модел „Бибиверзум“, каде што преку ликовите од „Светот на Биби“ повеќе од 250 деца успешно следат онлајн-настава. Имаме над 50 различни производи со ликовите на Биби, четири специјализирани продавници низ Македонија (две во Скопје, по една во Битола и во Кавадарци) и онлајн-продавница www.svetotnabibi.mk. Имаме продажна мрежа од над 30 места низ цела Македонија.

Сликовницата „Светот на Биби од А до Ш“ е најпродавана сликовница за деца во Македонија и е прогласена за најдобро илустрирана сликовница во 2019 на Саемот на книгата.
Едицијата „Сказните на Биби“ е најпродаваната едиција од детската литература во Македонија. „Игра на знаења“ е најпродаваната фамилијарна друштвена игра во Македонија.

Тимот на „Светот на Биби“ нема да мирува. Ви ветуваме уште многу минути радост, уште многу редови приказни, сето тоа зачинето со многу љубов за децата – нашата верна публика.

 



912

X