Кога последен пат сте имале навистина длабока, значајна дискусија со вашето дете? Дали поминале денови? Недели? Можеби никогаш не сте разговарале за нешто што навистина ве трогнало како родител. Ние трошиме 99% од нашето време како родители за да се осигуриме дека нашите деца се на вистинскиот пат наместо да им дозволиме да излезат од колосек, да сфатат како да се справат со тоа и да се вратат на вистинскиот пат. Набљудуваме со птичја перспектива на животот на нашиот тинејџер. Го гледаме неуспехот кој следува, па се обидуваме да го спречиме уште пред да се случи.
Состаноци, социјални медиуми, злобни девојки, популарни или непопуларни, дрога, алкохол – има ли крај на оваа листа? И ние сме биле таму и сме поминувале многу пати низ слични работи. Сакаме да ги спасиме нашите тинејџери од опасностите да бидат тинејџери. Сакаме да ги извлечеме од страдањето и да ги спречиме да ја претрпат истата болка за која знаеме дека доаѓа.
Но, еве што треба да знаете како родител: болката создава раст. Тоа е вистината. Болката нè тера да го промениме правецот, да се повлечеме, да се прегрупираме, да запреме нешто или да започнеме нешто ново. Кога го преземаме кормилото и ги спречуваме нашите деца да доживеат логични последици за изборот што го прават, ние ја намалуваме нивната способност критички да размислуваат и да донесуваат интелигентни одлуки. Д-р Кенет Гинсберг го објаснува овој концепт во својата нова книга „Воспитување на децата со цел да се развиваат“. Имајќи ги на ум неговите наоди, ве охрабруваме да ги преземете овие чекори следниот пат кога ќе сакате да ги „поправите“ работите наместо вашите деца.
Светилник-родителството е прекрасно, а ова се трите начини на кои можете да го спроведувате:
Земете длабок здив и направете пауза
Почекајте. Оставете да се одвива секој момент. Избројте до десет пред да ја преземете ситуацијата. Дајте му на вашето дете момент да размисли што се случува и дозволете му да излезе од него.
Поставувајте подобри прашања
Ако му дадете простор на вашето дете да направи сопствен избор и да се соочи со логичните последици, ќе ја искористите можноста да поставувате подлабоки прашања. Прашајте го што му помогнало да донесе одлука. Што би направило поинаку ако треба да се соочи со истата ситуација? Дали е задоволно од сопствената одлука? Кога би можел да промени нешто, што би било тоа? Ваквите прашања им помагаат на децата да го развијат критичкото размислување.
Бидете безбедно место за децата кога ќе се смири ситуацијата
Децата треба да знаат дека дури и кога ќе се збркаат и ќе згрешат, вие сепак ги сакате, ги негувате и верувате во нивната способност да пораснат во неверојатни возрасни луѓе. Насмевнете се, кимајте со главата и дајте им поддршка. Прашајте ги децата што им треба од вас. Прашајте ги што можете да направите за да помогнете следниот пат. Прашајте ги дали сакаат да слушнат како се чувствувате во врска со тоа. Нашите деца веруваат дека ние сме богати со знаење, но не сакаат секогаш со тоа да им додеваме. Бидете светлина во мрачен свет за вашето дете. Застанете силно и стабилно на земја, како светилник. На нашите деца им требаме да ги водиме низ детството, а не да ги туркаме настрана од секое искуство.
Автор: Натали Бле