Како што секоја мајка знае, часовите по породувањето се премногу емотивни, предизвикувачки и често болни. Една жена открила како нејзиниот свекор ја обвинил дека е премногу мрзлива да „турка“ откако била примена на итен царски рез – а неговата сурова забелешка го уништила скапоцениот момент за неа. Жената изјавила дека свекорот се запознал со својата внука истиот ден кога се родила.
Таа изјавила: „Бев исцрпена по долгото породување и итниот царски рез, па седев на креветот и ја гледав Абигејл, мојата ќерка, во прегратките на сопругот, смеејќи се. Овој скапоцен момент брзо беше уништен откако Френк ме погледна и ми рече – Беше премногу мрзлива да туркаш, а?!“
Иако било наменето да биде шега, новата мајка вели дека можела да види во очите на Френк дека има и малку вистина во она што го рекол. Таа додала: Тој сака да ги споделува конзервативните мисли, дури и кога тие јасно не се ценети од околината и не му е гајле дали ги навредува или вознемирува луѓето. И неговите старомодни гледишта не завршуваат тука. Секогаш кога ќе дојде во посета, Френк се обидува да го сопре синот кога тој ги извршува работите што Френк ги смета за „женски“ – менување пелени, хранење, бањање, па дури и играње со неговата ќерка.

Сега, како мајка на 3 деца, таа сè уште има затегнат однос со својот свекор. „Тој експлицитно тврди дека децата треба да бидат гледани, а не слушнати. Единствениот пат кога се вклучува со децата е да им каже некои коментари како: лактите на маса, не јади со отворена уста, момчињата не плачат…“ „Традиционалните гледишта“ на Френк сега креваат пречка помеѓу него и внуците, бидејќи тие одбиваат да ги посетуваат баба и дедо и го игнорираат Френк на семејните настани, бидејќи ги расплакувал во минатото.
Таа вели: „Сексизмот ме фрустрира, а навистина е штета што избира да се однесува на тој начин кога може да има близок и прекрасен однос со своите внуци“.
Автор: Џоси Грифитс