Понекогаш животните планови не одат како што сме замислиле. Вообичаено е парот прво да прави свадба, а потоа да има бебе. Сепак, свадбите на кои младенците веќе ги исполниле своите родителски улоги се сè почести. Токму на оваа тема пишувале низа мајки во фејсбук-групата „Бебац – трудници и мамички“.
Повеќето мајки се согласиле со идејата дека постпородилните венчавки се прекрасно и убаво искуство, но многу често и стресно.
Јована напишала дека правеле свадба кога бебето имало девет месеци:
-Беше прекрасно! Бебето беше дружељубиво и навистина уживаше – напишала таа и додала дека најмиле девојче да го чува бебето и изнајмиле стан.
Марија правела црковна венчавка со двомесечно бебе.
Жељка направила свадба со новороденче, едномесечно бебе.
Свадбата со бебе може да биде стресна
Доколку одлучите да стапите во брак по породувањето, мора да знаете дека е потребна дополнителна организација за чување деца. За некои мајки, но и за бебињата свадбата била особено тешка.

Даниела напишала за нејзиното искуство:
-Бебето имаше девет месеци кога ја направивме венчавката. Таа беше трауматизирана од свадбата и не спиеше три месеци потоа.
За Александра искуството да организира свадба со дете било стресно и многу заморно.
-Премногу луѓе, а треба да внимавате и на децата – напишала таа во групата.
Свадбата со дете може да биде прекрасно искуство, ден кога сите ќе влезете во посебно поглавје од заедничките животи како семејство. Потребни се многу љубов и трпение за да се организира ваков настан, а посебно внимание треба да се посвети на тоа кој ќе го чува бебето за време на прославата.
Најважно е да се сакате и да ја организирате свадбата според вашите потреби.
912