Здравје

Суптилни знаци дека детето не јаде доволно растителни влакна

Храната богата со растителни влакна е најдобриот избор за добри бактерии во цревата и кај возрасните и кај децата. Како што објаснуваат диететичарите, нерастворливите влакна се најзастапени во мешунките, интегралните житарки, овошјето и зеленчукот. Ако детето не јаде доволно влакна, тоа може да доведе до одредени несакани ефекти и здравствени проблеми.

За да се избегне тоа, педијатрите нагласуваат дека е многу важно да се внимава на какви било невообичаени симптоми, кои во најголем број случаи откриваат дека детето внесува недоволно количество влакна преку храната. Овие симптоми се:

-опстипација (запек)
-чувство на глад набрзо по консумирањето оброк
-замор, исцрпеност и недостиг на енергија
-нагло зголемување на телесната маса.

Со оглед на тоа дека овие симптоми тешко се забележуваат, повеќето родители ги игнорираат, што може да доведе до посериозни здравствени проблеми, предупредуваат експертите.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top