Нова студија на истражувачите од Универзитетот во Токио открила врска помеѓу насилството врз тинејџерите и раните психотични епизоди.

Студијата, објавена во „Журнал за молекуларна психијатрија“, покажала дека адолесцентите кои доживеале злоупотреба се изложени на зголемен ризик да развијат супклинички психотични искуства, кои се симптоми што потсетуваат на психоза (халуцинации и заблуди), но не ги исполнуваат критериумите за клиничка дијагноза. Покрај тоа, овие адолесценти имаат пониски нивоа на глутамат, невротрансмитер – клуч за регулација на емоциите.

Со цел спроведување на студијата, истражувачите ги измериле нивоата на глутамат во регионот на предниот цингуларен кортекс, во мозокот на повеќе од 200 адолесценти од Токио. Преку прашалници, собрале податоци за искуства од злоупотреба и супклинички психотични искуства кај тинејџерите.

Водечкиот автор Наохиро Окада ја истакнал важноста од разбирањето на супклиничките психотични искуства како рани показатели за психотични нарушувања, кои ја вклучуваат и шизофренијата. Окада верува дека програмите против малтретирање, советодавните услуги, групите за поддршка и нефармаколошките решенија, како што се когнитивната бихевиорална терапија и интервенциите засновани на внимание, можат да помогнат во голема мера.

„Прво и најважно, програмите против малтретирање во училиштата кои имаат цел да промовираат позитивни социјални интеракции и да го намалат агресивното однесување – се клучни. Овие програми можат да помогнат да се создаде безбедна и поддржувачка средина за сите ученици, намалувајќи ја веројатноста за малтретирањето и следствено на тоа и негативните последици“, заклучил Окада.

Иако овие резултати се засноваат на релативно мал примерок, тие обезбедуваат основа за идни истражувања за влијанието на насилството врз адолесцентите.

Извор



912

X