За родителите, паметниот телефон стана нужно зло. Иако е одличен за комуникација и следење на нашите деца, тоа е уште една работа во нашите животи што треба постојано да ја управуваме и да бидеме во тек. Некои од нас се прашуваат дали го правиме тоа правилно и дали употребата на телефон влијае врз менталното и физичкото здравје на децата.
Нова студија ја потврдува оваа загриженост, велејќи дека постои причина за неа кога станува збор за употребата на паметни телефони во адолесценцијата. Студијата имала цел да утврди дали поседувањето паметен телефон на помлада возраст е поврзано со полошо здравје.
Употребата на телефон поврзана со здравствени ризици
Студијата опфатила над 10.600 адолесценти од уште една поголема студија за когнитивен развој на мозокот кај адолесцентите и испитала кога тие обично ги добиваат своите први телефони.
-До 12-годишна возраст 64 % од децата поседувале паметен телефон.
-До 14-годишна возраст 89 % биле сопственици на паметни телефони.
-Средната возраст на која децата го добиле својот прв паметен телефон била 11 години.
-Помеѓу 8 и 12 години децата во просек поминуваат малку повеќе од пет часа дневно пред екран.
Користејќи податоци од приспособени модели, истражувачите го споредиле здравјето на 12-годишниците што поседувале паметни телефони со здравјето на оние што немале. Тие откриле некои значајни разлики.
Ризик од депресија: Децата со паметни телефони имале 30 % поголема шанса да покажат знаци на депресија.
Ризик од дебелина: Децата со паметни телефони имале 40 % поголема веројатност да бидат дебели.
Лош сон: Децата со паметни телефони имале 60 % поголема веројатност да не спијат доволно.
Гледајќи ја возраста на која детето го добило својот прв телефон, студијата открила дека колку е помладо, толку е поголем ризикот од развој на овие здравствени состојби до 12-годишна возраст.
Предизвик за постојан пристап
Иако оваа студија не може да докаже дека самиот паметен телефон ги предизвикува овие здравствени проблеми, претходните студии ја поврзале прекумерната употреба на паметни телефони со намалување на физичката активност и квалитетот на спиењето, како и со зголемена социјална изолација. Сите овие фактори можат да влијаат врз менталната и физичката благосостојба за време на чувствителната фаза од растењето.
Посветен надзор
Иако некои родители можеби ќе сакаат да ги фрлат телефоните на своите тинејџери в ѓубре, авторите на студијата велат дека не сугерираат оти паметните телефони се по природа зли или дека треба целосно да се забранат. Наместо тоа, тие велат дека сопственоста бара „посветен надзор“.

Ако родителите одлучат дека нивното дете е подготвено за паметен телефон, треба да се обидат активно да се вклучат во управувањето на неговата употреба и да воспостават здрави граници. Ако поставиме јасни правила кога ќе му го дадеме првиот паметен телефон на нашето дете, пристапот до него може да се ограничи за да се намали ризикот од развој на овие здравствени проблеми.
Како родители, тоа често може ни изгледа како тежок товар, но авторите истакнуваат дека дури и малите проблеми со менталното здравје можат да доведат до долгорочни здравствени последици во зрелоста.
Автор: Сара Скот