Сеопфатна студија покажала дека децата учат подобро, полесно се концентрираат и се однесуваат посмирено во училиште кога имаат пристап до бесплатно овошје и зеленчук. Зголемувањето на внесот на витамин Ц од 7,4 проценти е само по себе значајно, но она што изненадило при анализата на навиките на учениците во Велика Британија било големото влијание врз однесувањето на учениците – дури 94 проценти од наставниците пријавиле подобрена концентрација, повеќе енергија и подобро однесување на час.
Анализа спроведена на повеќе од 140.000 деца покажала дополнителни подобрувања во исхраната – внесот на витамин А се зголемил за 4 проценти, на влакната за 3,6 проценти и на фолатите за 3 проценти.
Кога учениците имаат квалитетен и разновиден оброк, нивната способност да се концентрираат и активно да учествуваат во наставата е подобра. Кога училиштата не се обезбедени со целосна инфраструктура или нема континуирана поддршка, оваа разлика може да влијае врз резултатите и рамноправноста на учениците.