Се чини дека на стоматолозите не им се потребни ултразвучни скенови или резултати од крвни тестови за да откријат дека нивните пациентки се бремени. Еден поглед во устата на пациентот често може да ја открие бременоста.
Студентката Сухмани, која е четврта година на студии по стоматологија, објаснува дека од 30 до 50 отсто од бремените жени развиваат „труднички гингивит“, кога непцата ќе станат воспалени, чувствителни и склони кон крвавење.
Според Американското здружение за бременост, гестацискиот гингивит или едноставно „отечените непца“ е предизвикан од хормонални промени кои го зголемуваат протокот на крв во непцата и ја саботираат реакцијата на организмот кон бактериите.