Факултетите и училиштата низ светот се затвораат за да се намали ширењето на коронавирусот. Родителите се тие што треба да им помагаат на своите деца со учењето и да ги водат низ материјалите.

„Гоупир“ е компанија чија цел е да им помогне на родителите. Компанијата има платформа која спојува деца на возраст од 5 до 18 години со студенти од „Харвард“ и други престижни универзитети. За услугата се наплаќа од 25 долари до 35 долари по час, а два часа се бесплатни.

Компанијата вработува студенти од најдобрите универзитети во САД. Се примаат само 5% од кандидатите, а примените студенти предаваат предмети во кои се стручни.

Компанијата забележала пораст во бројот на корисниците откако училиштата беа затворени низ земјата. За време на едно деноноќие изминатиот месец платформата ја посетиле 200.000 луѓе, изјавил извршниот директор Итан Бајндер.

Бајндер вели дека се надева дека платформата може да им помогне на родителите да го намалат стресот предизвикан од пандемијата.

– Никој не треба да се плаши или срами да крене рака и да побара помош – изјавил Бајндер.

Автор: Емили Каван

Извор



912

X