Генерации што се блиски израснале во слични услови, па многумина ги имаат истите сеќавања за соседите, соучениците и луѓето што ги запознале подоцна.

Ви пренесуваме неколку правила кои строго мораа да ги почитуваат генерациите што растеа во 80-тите и 90-тите години.

– Не смееш никому да му се јавиш пред 10 часот и по 22 часот, освен ако не е нешто итно (во време на фиксни телефони).

-Секогаш мораше да имаме гаќички и долна маица со иста боја за не дај Боже ако завршиме на доктор.

-Кога некој ти нуди храна на гости, секогаш прво треба да одбиеш. Можеш да земеш само ако уште еднаш ти понудат.

-На гостите секогаш мора да им се понуди кафе и нешто благо.

-Неделниот ручек вклучува супа и нешто благо кое се јаде напладне.

-Не седнувате дома и не допирате ништо додека не ја преоблечете облеката што сте ја носеле надвор.

-Постојат тренирки за дома, тренирки за на гости и тренирки со кои ги пречекуваме гостите.

-Во недела не се оди на гости.

-Чевлите мора да се исчистат пред да излезете од дома.

-Во сабота апсолутно сите прозорци се отвораат и куќата се „проветрува“ до ручек.

-Не смееме да јадеме од тоа што им се нуди на гостите додека не си заминат.

-Туширањето е миење на телото. Капењето вклучува и миење на косата. Без оглед дали постои или не постои када.

-Пред да се оди на пат, секогаш се прави генералка. Не дај Боже да се случи нешто и луѓето да видат дека не сме ги исчистиле плакарите.

Извор



912

X