Здравје

Страв во текот на бременоста: како да се победите себеси?

Секоја жена што била бремена или е бремена сега знае што се труднички стравови.

Станува збор за рационален, а понекогаш и ирационален страв дека нешто ќе тргне наопаку. Некои стравови од бременоста и породувањето се логични, додека некои се „чиста паника“.

Бременоста е вистински емоционален ролеркостер. На почетокот има чисто задоволство кога ќе откриете дека тестот е позитивен, но набрзо тоа се заменува со СТРАВ. Дали крвавењето е лош знак? Зошто вашиот стомак расте побавно од оној на вашата пријателка? Како точно треба да се грижите за вашето новороденче кога конечно ќе пристигне на свет? Дали раѓањето дете ќе влијае врз вашата кариера?

Добро. Сега дишете. Не сте сами. Ви ги пренесуваме најчестите стравови – заедно со некои стручни совети како да се справите со нив.

Крвавење во бременост

Крвавењето во раната бременост е сосема нормално и веројатно нема да му наштети на вашето бебе. Причината може да биде пробивно крвавење, кое често се јавува кога менструацијата веќе доцни, или крвавење при имплантација, кое се јавува кога вашата оплодена јајце-клетка е имплантирана во матката. Може да биде и резултат на омекнување на грлото на матката, што создава чувствителна област, или резултат на безопасен раст на полип.

Општо земено, кафеава или розова боја е во ред, но ако има силен млаз црвена крв придружена со болка, веднаш посетете гинеколог. Крвавењето треба да престане до околу 12 недели, но ако сè уште крварите по таа недела, веднаш побарајте лекарски совет.

Спонтан абортус

Иако сте имале еден спонтан абортус, тоа не значи дека ќе се случи повторно. Многу жени можат да имаат нормални бремености и здрави бебиња по спонтан абортус. Една од четири жени доживува спонтан абортус, а една четвртина од нив се генетски предизвикани затоа што бебето не се развива како што треба.

Големина на стомакот

Вашиот стомак се протега од врвот на срамната коска до долниот раб на задното ребро, па ако сте високи, вашето бебе има повеќе простор да се прошири во висина, а вашиот стомак веројатно ќе биде помалку испакнат. Други фактори што влијаат врз големината на стомакот се бројот на добиени килограми, силата на стомачните мускули и бројот на претходни бремености – полабавите мускули се истегнуваат побрзо и посилно.

Работа

Ах, рамнотежата помеѓу работата и животот. Обидете се да не се нервирате премногу – бидејќи сè повеќе работодавци се подготвени да им излезат во пресрет на мајките. Можете да земете едногодишно породилно отсуство, а вашиот работодавец мора да разгледа барање за флексибилно или скратено работно време ако сакате да се вратите на работа порано, иако не мора да го одобри тоа. Само осигурете се дека ќе најдете добри „деловни“ аргументи за да го натерате вашиот работодавец да се согласи на флексибилно работење.

Грижа за бебето

Дозволете му на вашиот инстинкт да ве води и за неколку недели ќе станете вистински експерт во грижата за бебето. Стравот е тој што најчесто ги мачи новите мајки. Побарајте совет од медицинска сестра, а можеби можете да се вклучите во група за поддршка на мајки и бебиња за да ги споделите вашите грижи и да добиете корисни совети.

Опуштете се…

Бременоста е возбудлив период, но со толку многу физички и емоционални промени, сосема е нормално да се грижите, велат искусните гинеколози. За да се опуштите и да го надминете стравот, се препорачува да:

-Не читате многу книги за бременост или да не пребарувате на интернет одговори за речиси секоја загриженост за бременоста.
-Во деновите пред породувањето слушајте релаксирачка музика најмалку двапати неделно. Искористете го тоа време за да се фокусирате на бавно, рамномерно дишење и на вашето бебе, што ќе ви помогне да се поврзете.
-Не чувајте ги работите во себе. Споделувањето на вашите грижи со пријателите, семејството и вашиот лекар ќе ви помогне да останете реални.
-Фокусирајте се на позитивни идеи и приказни за бременоста и игнорирајте ги негативните приказни што некои луѓе ги шират.
-Не заборавајте дека бременоста е само еден дел од вас. Одвојте време за вашите пријатели, за релаксација и забава, што ќе ви помогне да се чувствувате помалку вознемирено и нервозно.

Извор

Поврзани написи

To top