Здравје

Стоматолог покажа како му ги мие забите на своето дете – луѓето велат дека тоа е траума

Да се натераат малите деца да ги измијат забите понекогаш може да биде вистински предизвик. Затоа стоматолог, која на „Тик-ток“ се претставува како д-р Џојс, одлучила да покаже како го прави тоа со својот немирен едногодишен син.

„Го мрази ли вашето бебе миењето заби?“, напишала во описот на видеото кое ги подели мислењата на луѓето. Д-р Џојс потоа ја демонстрирала техниката на своето дете. Го спуштила помеѓу своите нозе, па ги ставила нозете преку неговите раце за да го спречи неговото мрдање.

Нејзиниот совет не им се допаднал на сите. „Ова е траума“, „Ова е причината поради која веројатно мрази да ги мие забите. Само додека гледам ми е лошо“, велат корисниците во коментарите.

Други, пак, не гледаат ништо лошо во начинот на кој го смирува детето за да му ги измие забите. „Еден ден ќе ти биде благодарен. Барем моите родители да се грижеа толку за моите заби“.

Watch on TikTok

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top