Здравје

Стоматолог: Не сте лош родител ако вашето дете има кариес

Родителите често се сметаат за одговорни за сè што им се случува на нивните деца. Веројатно немате желба да ги терате вашите деца да ги мијат забите секој ден, па не е изненадување што многу мајки и татковци со нервоза ги носат децата на стоматолог.

Стоматологот Амрита Санду објавила смирувачко видео во кое им кажува на родителите дека не се тие виновни ако нивното дете добие кариес.

– Ова е порака за секој родител што се срами што неговото дете има кариес. Еве сум јас, стоматолог, како му ставам пломби на своето дете – рекла д-р Санду во видеото.

Објаснила дека таа најдобро знае како да се мијат забите и колку е важно да се користи конец.

-Погодете што? И покрај тоа, моето дете има кариес. Жал ми е што се чувствувавте засрамени или мислите дека сте лош родител. Сите даваме сè од себе за да ги одржуваме нашите малечки среќни и здрави, но животот понекогаш е напорен – додала таа.

Watch on TikTok

Таа, исто така, им се извинила на сите мајки и татковци што се засрамиле кога нивното дете морало да добие пломби.

-Срцето ми се кине кога родителите ќе ми дојдат со чувство на срам. Да се бориме против тоа – рекла таа.

Многу родители ѝ се заблагодариле на д-р Санду за пораката што ја испратила во делот за коментари.

„Генетиката исто така може да игра голема улога! Склона сум на расипување на забите и тоа е во ред“, „И јас сум дентален хигиеничар, па ќерка ми има кариес. Не сме совршени“, „Ова е видеото што ни требаше“, се дел од коментарите.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top