Здравје

Стомакот е поголем во втората бременост?

Еден од највозбудливите периоди во бременоста е кога почнува да се познава стомакот. Конечно имате доказ дека малечко бебе расте во вас. Многу трудници се изненадени кога ќе откријат дека нивниот стомак е малку поголем и почнува да расте порано во втората бременост отколку во првата – понекогаш неколку недели порано.

Ако ова ви се случило и вам, не грижете се бидејќи дефинитивно не сте единствените. Поголемиот стомак во втората бременост е вообичаена и сосема нормална појава, а како што објаснуваат експертите, има оправдани причини за тоа.

Се работи за стомачните мускули

„Важно е да се напомене дека не постојат строги правила за тоа кога треба да почне да расте стомакот во текот на втората бременост. Секоја жена е различна и има многу фактори кои одредуваат колку рано таа ќе забележи дека е бремена. Генерално, матката се шири надвор од карлицата околу 14. недела од бременоста, така што стомакот на повеќето жени почнува да се појавува по првото тримесечје“, објаснува гинекологот Лин Л. Симпсон.

Гинекологот и експерт за женско здравје Кели Калвел тврди дека варијациите во растот на стомаците на жените во втората бременост најверојатно се поврзани со стомачните мускули, кои имаат тенденција да ослабуваат по првата бременост.

„Штом стомачните мускули се истегнати од претходната бременост, тие се малку поопуштени, што може да предизвика стомакот во втората бременост да биде видлив малку порано отколку во првата бременост“, објаснува Калвел.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top