Игротека

„Стилот не смее да трпи“ – девојче не се откажува од штиклите

Преслатко девојче по име Оливија Грејс решило да оди со потпетици и одбило да се откаже дури и по неколку падови. Нејзината мајка Алиса Ривера објавила видео на социјалната мрежа „Тик-ток“, кое собрало неверојатни 42 милиони прегледи и насмеа многумина.

Во видеото Оливија Грејс се обидува да прошета во пластични штикли за принцези. Иако паѓа, таа не се предава. Внимателно ги движи нозете и едвај ги крева од земја. Неколку пати се лизнува, но ни тоа не ја обесхрабрува, па ги облекува за да излезе од дома.
„Моето кутро девојче реши да ги носи овие штикли купени за еден долар“, објаснила Алиса во описот на виралната снимка.

„Ќе се вклопи во општеството кога ќе порасне и ќе го напушти клубот“, „Убавината боли“, „Ако научи да оди со ова, ќе може да оди со што било“, се некои од многуте коментари.

Извор

Поврзани написи

To top