Воспитување

Ставот „јас можам“ им помага на децата да успеат

Постои стар опис за посветеноста што многумина не ја применуваат повеќе – кога некој има став „јас можам“. Но, таа алатка е всушност и една од најдобрите што може да ја развијат децата, а која ќе им помогне во животот. Таквиот став е всушност мајндсет – размислување дека нешто можете да направите, како спротивност на лицето кое постојано наоѓа причини зошто нешто не може да постигне. Таквиот став е и клучот за развојот на детето.

Кога родителите велат „Мислам дека можам“ и го повторуваат тоа, а нивното дете ги слуша, тогаш тоа учи нова вештина во математиката, или пронаоѓа храброст да создаде ново пријателство, да вози велосипед итн. „Мислам дека можам“ е фраза која е помоќна отколку што мислат родителите, но некогаш е тешко да се пренесе тој став на децата. Еве неколку лекции од книгата за деца „Малиот мотор кој може“ за практикување на тој став:

Флексирање на вештините за препознавање

Сите мајки слушнале како децата изговараат „Не можам“, дури и пред да се обидат да направат нешто потешко. Според Институтот за детски ум, важно е да се смени ставот на детето од „не можам“ во „како можам да го сторам тоа?“ Така децата размислуваат за позитивен и проактивен начин за започнување на нештото. Размислувањето за начините како да се направи нешто се нарекува метакогниција и е важна за децата да ги надминат проблемите. Тоа може да ги доведе од чувства на анксиозност до смислување како да ги надминат стравовите за да ја извршат задачата.

„Мислам дека можам“ не е само за постигнување на целта

Основната премиса на книгата „Малиот мотор кој може“ е едноставна за да ја разберат децата. Сфаќаат дека иако другите мотори се поголеми и посилни, малиот мотор сепак може да направи нешто. Но, има и други лекции што родителите треба да им ги посочат за децата да забележат поголеми успеси. Поважно од исходот е фактот дека детето се обидело. На детето треба да му се повторува мантрата „јас можам“ и тоа често со поттикнувачки тон на гласот. Не се работи само за посветеноста, туку и за храброста да се направи обид за нешто кое другите мислат дека не можете. Што би се случило ако никогаш не се обидете?

Барањето помош ве носи подалеку

Овој став исто така се однесува и на барање помош и охрабрување на другите. Ако децата го усвојат ставот „јас можам“, потоа можат да им го пренесат и на другите. Можат да бидат подобри пријатели преку охрабрување на своите врсници дека и тие може да научат нешто или да поминат низ тешка ситуација, па наскоро сите ќе го присвојат позитивниот мајндсет.

Автор: Лили Вилијамс

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top