Игротека

Српски научник создал уред кој спречува замена или кражба на бебиња во породилиштата

Српскиот млад научник Комлен Лаловиќ патентирал изум кој спречува кражба или замена на бебиња во породилиштата, така што направил уред за земање отпечатоци од мајката и бебето со цел да се докаже мајчинството веднаш по породувањето.

Проектот е поддржан од Министерството за здравство на Србија, а за негово спроведување се заинтересирани неколку породилишта.

Истражувањето траело со години, уредот е направен и ќе следува негово тестирање. Уредот работи едноставно, а процедурата е неинвазивна, безболна, практична и евтина.

Во самиот момент на раѓање мајката и бебето даваат отпечаток од прст, тој е шифриран и врзан во еден шифриран податок. Кога излегуваат од породилиште, мајката и бебето повторно го даваат отпечатокот и споредуваат дали е идентичен. Ако е така, тогаш тоа е доказ дека бебето е сто отсто на мајката.

На прашањето дали е можно физички да се спречи да биде украдено бебето, Лаловиќ потврдно одговори и додаде дека е доволно овој апарат да се стави на излезот од породилиште и нема излез без скенирање.

– Уредот дури решава некои тешки случаи, како што е смртта на бебе, што се случува. Тој отпечаток останува два-три часа и може точно да се утврди кое дете починало – додаде Лаловиќ.

До оваа идеја дошол пред неколку години кога дознал дека ќе стане татко, а биометриката била тема на неговата докторска дисертација.

Лаловиќ истакна дека е научно докажано дека до седмиот месец од бременоста се формира отпечаток од прст и така останува до крајот на животот, додека сите други биометрики се менуваат.

– Бебето има отпечаток од прст формиран во моментот на раѓање. Тоа е точно, но никој во светот досега не го докажал тоа емпириски. Јас и мојот тим првпат го докажавме тоа и сме први во светот што имаме објавено и научно докажано дека бебето има формиран отпечаток од прст – вели Лаловиќ.

рз основа на сите овие истражувања дизајнирал уред кој може да го гарантира идентитетот на бебето во родилиштето.

Проектот има поддршка и од Министерството за здравство, а за пронајдокот се заинтересирани Градската болница во Суботица и Клиничкиот центар во Ниш, а прво ќе почне да го применува белградското породилиште „Народни фронт“.

Истражувањата покажуваат дека од четири милиони новородени бебиња во светот, дури 28.000 се заменуваат во породилното одделение.

Во Србија има многу случаи на украдени бебиња кои со децении ја тресат јавноста. Ваквиот вид заштита во породилиштето засекогаш би ги решил ваквите проблеми.

Извор

Поврзани написи

To top