Воспитување

Бабата е скапоцен подарок: ти благодарам, бабо!

Вистината е дека се сметам себеси за среќна жена бидејќи животот ми овозможи да имам две мајки покрај себе, бидејќи бабата е вистински, скапоцен подарок.

Ти, бабо, ме носеше на училиште кога мајка ми не можеше, ми помагаше со домашната задача, ми ја шиеше престилката што ја носев. Секогаш ме бранеше кога мајка ми ме прекоруваше, секогаш ме поддржуваше, но додека растев, ти ми призна дека тоа е улогата на бабата. Се сеќаваш ли, бабо, на сите приказни што ми ги кажа? Твоето детство беше толку различно од моето, си морала да одиш на работа од мала возраст за да им помогнеш на родителите и да ги израснеш твоите браќа и сестри. Но, приказната што најмногу ја сакам е љубовната приказна меѓу тебе и дедо, кој бил единствениот маж што си го имала. И јас сонував, замислувајќи дека еден ден ќе ја имам твојата среќа.

Се сеќаваш кога бев дете? Дека доаѓав во твојата куќа да спијам? Гледавме филм на тој твојот стар телевизор кој уште го чуваш, а потоа силно те гушкав. Но, најмногу го сакав приказните што ми ги кажуваше. Ги запишував некаде бидејќи еден ден сакам да им ги кажам на моите девојчиња. И дали се сеќаваш кога ѝ се смеевме на мама за начинот на кој те лутела кога била дете? Секогаш велеше дека многу личам на неа – и во карактерот и физички. А таа, пак, личи на тебе, знаеш ли бабо? И јас сум многу горда кога луѓето ќе нè застанат на улица и ќе ни речат дека ги имаме истите очи и истата насмевка.

Многу сум среќна што имам две мајки. Но, се надевам дека го имам и истото големо срце како тебе.

Секогаш беше мила и трпелива и ми ги пренесе семејните вредности и традиции. Тоа што знам да готвам е благодарение на тебе, којзнае – можеби ќе се разбудам некое саботно утро и ќе подготвам „рагу“ за моите внуци. Навистина се надевам дека ќе се случи тоа. И ќе им кажам дека ти ме научи да го зготвам тој специјален рецепт.

Знаеш, бабо, не треба да помине цел живот за да ти вратам за сè што направи за мене. Вистината е дека ти си вистински подарок, оној што ми го разубави животот. И покрај твојата возраст, уште си тука, да ми правиш друштво. И можам само да ти кажам – ти благодарам, бабо!

Автор: Иларија Бараброса

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top