Воспитување

Спортистките што дојат ќе може да ги понесат своите бебиња на Олимписките игри

Организаторите на Олимписките игри во Токио ќе им дозволат на спортистките што дојат да ги понесат своите бебиња на натпреварувањата, истакнал портпаролот на Олимпијадата.

– Задоволство ни е што може да кажеме дека организациониот одбор на Токио 2020 најде решение за влезот во Јапонија за мајките што дојат и имаат мали деца – истакнал портпаролот.

Токио 2020 е настан координиран со јапонската влада, па потврдена е изјавата на портпаролот и од владата:

– По внимателно размислување за уникатната ситуација во која се наоѓаат спортистите со деца, задоволство ни е да потврдиме дека кога е тоа потребно, доенчињата ќе може да ги придружуваат мајките во Јапонија.

Новата политика е важна за многу спортисти што се квалификувале за Токио, вклучително и американската маратонка Алфин Тулиамук, чија ќерка Зои е родена во јануари, канадската кошаркарка Ким Гошер, чија ќерка Софи е родена во март и американската фудбалерка Алекс Морган, чија ќерка Чарли е родена во мај 2020.

– Размислував да не ја носам Зои во Токио со мене, но потоа почнав да плачам – напишала Тулиамук на „Инстаграм“, пред рестрикциите да бидат олабавени. „Знам дека ќе ја оставам само на 10 дена и дека ќе биде добро, но како и многу други мајки, не можам да замислам да бидам одделена од неа ни половина ден“, напишала таа. Гошер вели дека сè уште не одлучила дали да оди во Токио без Софи:

– Сега морам да одлучам меѓу тоа да бидам мајка на доенче или олимписки спортист. Не можам и двете. Не можам да тренирам како високопрофесионален атлетичар, да се вратам во топ-форма и да ја дојам, и сето тоа за 28 дена. Не е лесно“.

Но, новата политика не разјаснува дали ќе биде дозволена негувателка со спортистките и децата во земјата, за моментите кога мајката ќе тренира или ќе се натпреварува. Токио 2020 има забрана за странски гледачи, вклучително и членови на семејствата, а ограничен е и бројот на интернационалните делегации поради загриженост од ширењето на коронавирусот.

– Воодушевена сум што нема да мора да се оди во екстреми за овој навистина емоционален настан, за кој треба да се донесат важни одлуки. Но, поважно е дека оваа ситуација воопшто не требаше да се случи. Оваа одлука воопшто не би требало да биде ставена под знак прашалник. Па, сега се подвлекува фактот дека мајките и децата често се занемарени во политиките што ги носиме – изјавила Сесилија Томори, директор за глобално јавно здравје и здравје во заедницата во Школата за доење при Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Автор: Дејв Шејнин

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top