Воспитување

Споредувањето со другите деца е многу опасно, особено во тинејџерските години

Психолозите предупредуваат дека родителите често несвесно можат да му наштетат на своето дете со своите изјави, особено кога станува збор за неговото ментално здравје. Во таа смисла, една реченица може да биде особено опасна.

Како што објаснуваат експертите, многу родители имаат навика да го прашуваат своето дете зошто не може да биде како некој друг, најчесто споредувајќи го со други деца.

Споредувањето на детето со неговите врсници може да создаде чувство на несоодветност и да ги натера децата да се чувствуваат како никогаш да не ги исполнуваат очекувањата. Изговарањето на оваа реченица негативно влијае врз нивното самоприфаќање, ја уништува нивната самодоверба и поттикнува негативен начин на размислување.

Психолозите нагласуваат дека родителите треба да му помогнат на своето малечко да ја прифати својата индивидуалност и да не се споредува со другите, што може да биде многу опасно, особено во тинејџерските години.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top