Воспитување

„Спасете ме мене, а не детето“: мајка објавила контроверзно видео и ги поделила мислењата на луѓето

Мајката Анабел Леон, која објавува видеа на социјалната платформа „Тик-ток“ под името „@anabelmoralezz“, споделила видео кое брзо станало вирално. Во него таа објаснила како од партнерот и таткото на нејзиното дете бара да ја спасат неа, а не бебето, доколку некогаш има компликации при породувањето. Нејзината контроверзна објава досега ја погледнале 7,9 милиони луѓе и предизвикала поделени мислења.

Како што објаснила таа, причината е што не сака нејзиниот прв син да остане без мајка, но ниту нејзиниот сопруг да биде самохран татко кој ќе треба сам да се грижи за две деца. И додека нејзиното објаснување на некои луѓе им изгледало сосема разбирливо, имало и родители кои не се согласувале со неа.

Watch on TikTok

„Иако донекаде те разбирам, лично мислам дека никогаш не би можела да живеам со таа одлука доколку одлучам да се спасам себеси, а не своето дете. Искрено, изборот би му го препуштила на мојот сопруг“, е еден таков коментар.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top