„Учениците ми го исклучуваат микрофонот, па не се слуша што зборувам“, „Ме отстрануваат од групата за онлајн-час“, „Учениците користат програми за да создаваат бучава и да не можам да предавам“, „Поставуваат вулгарни слики во заднина во видеоповикот“. Ова се дел од жалбите на наставниците за нивните секојдневни случки со учениците и во основно и во средно образование, откако наставата се одвива онлајн. Наставниците што помалку ја владеат апликацијата „Мајкрософт тимс“ чувствуваат срам и страв и не сакаат јавно да зборуваат за тоа што им се случува во текот на наставата.
Солидарноста меѓу колегите во моментов е најважниот начин за надминување на овој проблем, односно да се намали сајбер-булингот врз наставниците. Ова е светски тренд кој, за жал, не ги одминува ни нашите деца и наставници.
– Со вакви проблеми најчесто се соочуваат наставници кои имаат послабо познавање на компјутерскиот софтвер, но проблемот е застапен и кај помладите колеги кои се повешти во информатичката технологија во случаи кога првпат предаваат во ново одделение – објаснуваат синдикалците.
Прочитајте повеќе на Факултети.мк
912