Игротека

Создајте креативно катче што ќе го охрабри детето да учи

Дали вашето дете обично ја остава домашната задача недовршена? Вистинскиот простор за учење може да ги направи домашните задачи и учењето помалку напорни.

Повеќето деца и тинејџери развиваат слаби навики за читање поради гледањето телевизија и пишувањето пораки на мобилен телефон додека ја пишуваат домашната задача. Најдобриот подарок што можете да му го дадете на вашето дете е да му овозможите удобно катче за учење.

Изберете простор

Првиот чекор е да го изберете идеалниот простор за учење. За да го направите ова, имајте го предвид стилот на учење и читање на вашето дете. Некои деца напредуваат кога се среде некои активности и одделувањето не би функционирало добро за нив. Други претпочитаат да не им биде одвлечено вниманието.

Изберете го вистинскиот мебел

Кога некој учи, треба да му биде удобно за да има максимална продуктивност. Затоа, инвестирајте во стол што ќе му биде удобен на вашето дете. Ако не ви се допаѓа типичен канцелариски стол, тогаш изберете дрвен со удобен потпирач. Изберете и добро биро.

Материјалите нека бидат во близина

Сите работи и предмети што му се потребни на детето треба да му бидат на дофат за да не се шета низ домот барајќи молив или острилка.

Правилен избор на боја и соодветна тема

За просторот што ќе го создадете за вашето дете не е важна само функционалноста. Треба да внимавате и на естетиката. Бојата ќе направи просторот да биде забавен и возбудлив за учење. Декорирајте го според она што го сака вашето дете.

Персонализирајте го

Домашните работи се здодевни. Лесно можете да го освежите просторот за домашни задачи додавајќи личен печат. Поставете некои уметнички дела или мотивациски стикери за да го инспирирате. Исто така, неговите омилени фотографии можат да придонесат за подобар изглед.

Прашајте го за некои идеи

Дозволете му на вашето дете да даде предлози наместо сами да го креирате просторот. Дозволете му да каже што сака да има катчето. Заедно купете мебел. Оставете го да ги избере бојата, алатките, постерите и материјалите.

Награда за напорот

Работа без никаква игра ќе го направи детето мизерно. Научете го вашето дете за вредноста на преземањето одговорност. Најдете начин да го наградите за неговите напори. Можете да создадете пирамида на награди, за кога ќе стигне до одредена бројка, да добие подарок.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top