Aко некогаш сте играле со Барбика кога сте биле дете, знаете дека овие кукли изгледаат совршено. Сите нетрпеливо очекувавме да ја добиеме нашата прва Барбика.
Но, што ако вашата Барбика повеќе личи на обична жена? Всушност, што ако изгледа како уморна мајка која неодамна се породила?
Токму ова била идејата на Бети Страчан кога ја создала првата Барбика што дои. Бети неодамна го родила своето трето дете, па сакала да покаже каква е реалноста на мајчинството токму преку совршените Барбики.
Нејзините Барбики не изгледаат толку гламурозно како оние што сме ги имале во нашето детство, туку имаат несредена фризура и уморот може да се прочита на нивните очи.
Како што вели, таа сака да ги едуцира децата за мајчинството токму преку Барбиките што ги создава.