Здравје

Создадена „Кукла како мене“ за болни деца

Колку и да е убаво тоа што наоѓате персонализиран приврзок за клуч што одговара на вашето име, оние луѓе со необични имиња често го немаат тој луксуз. Но, на крајот на краиштата, тоа и не е некоја голема работа.

Постојат и други случаи каде што е важно персонализираните работи да одговараат на личноста. Ова го зеде предвид една жена што создава кукли, па со нејзината работа сака да направи голема разлика.

Пред да почне да создава кукли, Ејми Јандрисевиц била социјален работник во одделот за педијатриска онкологија.

Како што вели во нејзината кампања „GoFundMe“, таа им изведувала претстави со кукли на болните дечиња, но забележала дека куклите имале густа коса и изгледале сосема здраво. Тоа не ги опишувало дечињата со кои работела во одделот за рак.

Сфатила колку е тешко да му се објасни на детето колку е убаво, сѐ додека тоа не се види себеси во нешто што би изгледало како него. Затоа почнала да создава нетрадиционални кукли. Кога родителите слушнале за нејзината работа, тие почнале да бараат кукли што ќе одговараат на разликите поради кои нивните деца се посебни.

Четири години подоцна правењето на овие кукли ѝ стана мисија на Ејми, па сега тоа го прави под името „Кукла како мене“.

Ејми има создадено околу 300 кукли и нејзината листа на чекање има прилично многу имиња. Куклата чини 100 долари, но возбудата на децата кога во рацете ќе земат кукла иста како нив е бесценета. Поради тоа, Ејми се обидува да пронајде начин да ги покрие трошоците кога родителите не можат да си дозволат да платат 100 долари. Затоа таа ја почна кампањата на „GoFundMe“.

Освен плаќање за материјалот и превозните трошоци за куклата, средствата што ќе ги собере ќе ја претворат „Кукла како мене“ во официјална непрофитна организација. Таа веќе склопи партнерство со една детска болница за да ги идентификува децата што би имале корист од оваа кукла.

Нејзината цел веќе допре до луѓето и тие ја поддржуваат нејзината мисија. Таа веќе собра речиси 23.000 долари од вкупната поставена цел – 25.000 долари. Нејзината крајна цел е да го прави ова без да треба семејствата да платат за нешто толку важно за благосостојбата на нивните деца.

ОД „GoFundMе“ очигледно биле импресионирани од она што таа го прави бидејќи ја именуваа за херој на декември.

– Чест ми е што мојот труд е признат и неверојатно е што другите луѓе веруваат во моќта на репрезентацијата – вели таа.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top