Невропсихолошките вежби се збир на специфични задачи за детето кои вклучуваат специфични компоненти на менталната активност и помагаат да се постигне поставената цел. Целта на психокорективната и развојната работа е формирање функционален систем на кој ќе се заснова самиот тренинг. Овој функционален систем вклучува доброволна регулација и контрола, просторни и кавазипросторни претстави, фонемска и кинестетичка анализа и синтеза, вигилитет и тенацитет на вниманието, како и билатерални интерхемисферни интеракции на левата и десната хемисфера на мозокот.

Според теоријата на А. Р. Лурија, во невропсихологијата за системско-динамична локализација на повисоките ментални функции се разликуваат три блок-центри на мозокот:
Првиот блок осигурува дали церебралниот кортекс е во добра форма и во работна состојба.
Вториот блок е информативен, тој собира и структурира информации од сите аналитички системи, визуелни, аудитивни, тактилни, олфакторни дразби, кинестетички дразби.
Третиот блок, според Лурија, е блок за програмирање, регулација и контрола, кој ги контролира сите волни процеси.
Секој од овие центри управува со сите ментални функции.
Примена на современи методи на неврорехабилитацијата, како немедикаментозен терапевтски пристап во лекувањето различни невролошки заболувања и состојби кај децата, е сѐ повеќе потребна во селективни цели. Но невропсихолошките вежби се потребни и во неселективна употреба во формалното и неформалното образование со цел јакнење на когнитивните капацитети за денешните деца.

Познавањето на основните и современи методи за евалуација на функционалните нарушувања на нервниот систем им овозможува на стручњаците подготовка за ефективно користење на ресурсите произлезени од оваа наука.
Автор: м-р Христина Стефановска, психолог и автор на литература за деца
912